Насловна / Вести / Првиот електромобил во Македонија

Првиот електромобил во Македонија

Elektromobil mitsbisi vo Makedonija

Првиот сериски произведен електричен автомобил во светот, марка Митсубиши И-МИЕВ, стигна во Македонија. Компанијата „Мак Аутостар“ го презентираше овој автомобил кој ќе користи батерија што ќе се полни на електричен приклучок. Автомобилот ќе чини 26.000 евра, но едно полнење на батеријата, со кое може да се поминат 130 километри, чини online casino само едно евро.

Професорот на Машинскиот факултет во Скопје Игор Ѓурков, истакна дека ова возило е одраз на рационалниот пристап во проектирањето на електричните возила, бидејќи се карактеризира со мала маса, голема комфорност за патниците и солидна автономија на движење. Оливер Велковски од невладината „Електромобилност“, пак, посочи оти ваквата технологија во автомобилизмот значи намалена бучава, намалено загадување на почвата и воздухот, помала цена за одржување на возилото и други предности.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top