Првиот дел од булеварот Босна и Херцеговина, која скоро 50 години не е реконструирана сега има нов лик. Станува збор за најмодерно сообраќајно решение, со целосна инфраструктура, шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно и странично зеленило.
Булеварот се протега од улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула. Тој ги поврзува жителите на Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и Железара со преостанатиот дел од градот и заедно со булеварот Христијан Тодоровски Карпош претставува брз излез на обиколницата.