Американската компанија Insustry од Портланд, заедно со компанијата Ti Cycles го дизајнираа првиот велосипед произведен од 3Д принт изработен од титаниум. Производството на овој лесен и едноставен велосипед наречен Solid ја однесе техологијата на едно повисоко ниво. Дополнително на рачките на велосипедот е додаден вибрирачки елемент со навигација, кој што ќе ви помогне при ориентацијата во просторот со што се добива уште една уникатна карактеристика на производот.