Холандската компанија MX3D во соработка со Joris Laarman Lab, Heijmans и компанијата Autodesk, го создадоа првиот 3Д принт на мост во Амстердам, во градот низ чиишто улици има огромен број канали на кои се поставени над 1.200 мостови, коишто датираат дури од 17 век.
Креаторите на мостот работеле со дигитални роботи опремени со хардвер, кој е способен да печати метали и пластика во која било форма. Дигиталните роботи се поставени на краевите на мостот и со нивна помош двете страни треба да се поврзат над амстердамскиот канал во центарот на градот.