Холандската компанија MX3D го претстави првиот 3D печатен челичен мост во светот, на Dutch Design Week. Со намера да биде поставен над еден од најстарите и најпознати канали во центарот на Амстердам, дизајнот за мостот е дело на Joris Laarman. Ангажирајќи индустриски роботи со специјално создадени алати, проектот ја демонстрира можноста за примена на 3D технологијата за печатење со повеќе оски. Првично предложена во 2015, челичната конструкција е изработена од страна на роботи по шест оски. Роботските раце биле програмирани да ги управуваат огромните машини за заварување, додека целокупната конструкција на мостот е целосно усограсена со локалните правила и прописи. Дополнително, математичарите од Институтот на Аруп, биле ангажирани да креираат мрежа од паметни сензори . Тие во соработка со инженерите од Аруп овозможиле мониторирање и снимање на сите перформанси на мостот (поместување, оптоварување, вибрации и сл.)
Новиот мост ќе биде поставен на своето место не подоцна од средината на 2019 година.