Croatia Airlines за прв пат реализираше летови со употреба на одржливо авионско гориво (sustainable aviation fuel – SAF), со што се подготвува за спроведување на законската регулатива која ќе важи од 2025 година. Croatia Airlines го користеле ова гориво во авионите Airbus 319 и Dash 8-Q400, за летовите од Загреб во Амстердам, Брисел, Копенхаген, Лондон и Цирих, како и домашните летови Загреб – Сплит, Загреб – Дубровник – Загреб и Загреб – Пула – Задар. SAF горивото се произведува од суровини кои задоволуваат критериуми на одржливоста и се меша со фосилно авионско гориво.
ЕУ пропиша од 2025 година аеродромите и снабдувачите со горива мора да обезбедат намалку 2% од авионското гориво да биде зелено, како и тој процент да се зголеми на шест проценти до 2030 година, 20% до 2035 и на 70% до 2050 година. Мерката се однесува на сите летови од ЕУ, без оглед на конечната дестинација.
Хрватскиот авиопревозник навел дека одржливото авиогориво за нивните летови ги обезбедила компанијата INA.