Инженерот на Водафон, Нил Папворт, испратил СМС од својот компјутер на менаџер во Обединетото Кралство, кој ја добил на неговиот телефон од два килограми „Орбител“ – сличен на дестоп телефон.
Првата СМС порака некогаш испратена со натпис „Среќен Божиќ“ е продадена за 107.000 евра на аукција во Париз.
Текстот, кој е испратен на 3 декември 1992 година, беше ставен на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон.
Продажбата на нематеријални добра не е легална во Франција, па аукциската куќа ја спакувала СМС пораката во дигитална рамка, на која е прикажан кодот и комуникацискиот протокол.
Купувачот ќе добие реплика на оригиналниот комуникациски протокол со кој е испратена СМС пораката, а приходот ќе оди за Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).