Само еден месец откако е довршен првиот сериски примерок на Rimac Neverа, автомобилот #000, автомобилот #001 веќе е испорачан на својот сопственик – светсиот првак во „Формула 1“ од 2016 година Нико Розберг. Пред испораката на автомобилот во неговиот дом во Монако. шампионот стигнал во седиштето на Rimac Automobili во Хрватска, за да го види за прв пат својот нов автомобил. За изработка на еден ваков автомобил во погоните на компанијата на периферијата на Загреб, потребни се пет недели. Автомобилот #000, кој компанијата ќе го задржи за себе има Callisto зелена боја и алкантара ентериер во боја на песок.
Примерокот на Розберг е во Stellar црна боја со полирани Vertex тркала. Внатрешноста е обложена со црна алкантара, со потпис на Нико Розберг на плочка. Розберг беше дел од авантурата на Rimac Automobili од времето на прототипот C_Two, автомобил кој после неколку години развој и тестирања, стана Nevera за сериско производство.