Насловна / Арт и дизајн / Првата изложба во новоотворениот музеј на Фондацијата Луј Витон

Првата изложба во новоотворениот музеј на Фондацијата Луј Витон

luj viton olafur (7)

Уметникот на кого му припадна честа да ја одржи својата прва изложба во новоотворениот центар на современа уметност на конгломератот LVMH е Олафур Елиасон.

luj viton olafur (6)

Така, отворена е сезоната ликовни изложби во рамките на ова архитектонско ремек-дело на Френк Гери. Меѓу стаклените ѕидови на музејот, сместени се светлосни инсталации под заеднички наслов „Контакт“. Асоцијацијата на „вселенските контакти“ не е случајна, бидејќи Елиасон во своите дела го промислува односот помеѓу човекот и универзумот додека ја создава својата уметност.luj viton olafur (2) luj viton olafur

Една од инсталациите човекот го прави како сопствен набљудувач – голем објект во центарот на просторот проектира сенки на ѕидовите, и истите сенки „шетаат“ по гостите на изложбата. Во втората просторија е проекција на долга црта на хоризонт пред која набљудувачите можат да седат, а за возврат таа се рефлектира преку нив во зависност од реалното излегување и заоѓање на сонцето. Ретроспективата ќе биде отворена до 16 февруари.luj viton olafur (3) luj viton olafur (4) luj viton olafur (5)

Испрати коментар

Scroll To Top