Холандската агенција за дизајн Tinker Imagineers, го претвори седиштето на компанијата Nestle во Вевеј, Швајцарија, во изложбен простор вреден 45 милиони евра. Центарот Nest е поделен во пет интерактивни зони од кои секоја раскажува засебна приказна за производите „nestle“.
Оваа фабрика е изградена во далечната 1866 година, а архитектите одлучиле да го освежат нејзиниот екстериер и ентериер. Инаку, фабриката се наоѓа на листата на индустриско наследство.
Архитектите успеале да го прекријат просторот од 6.626 m2 со кос стаклен покрив опкружен со челична конструкција. Во центарот на објектот се наоѓа минијатурен двокатен музеј, во кој можат да се видат историски производи и прототип на првата машина Nespresso.
Изложбениот центар е отворен за посетителите од 15 јуни 2016 година. Претходно, компанијата отвори и чоколаден музеј во Бразил во 2011 година, со црвена стаклена фасада, дело на бразилски архитекти, а пред тоа и сличен центар во Мексико во 2007 година.