Една година по најавата дека се работи на Vespa на електричен погон, компанијата Piaggio ја претстави продукциската верзија на Саемот за мотоцикли во Милано. Новиот модел е опишан како идеален за урбана средина. Официјалното име на овој скутер е Vespa Elettrica, и со полна батерија може да мине околу 100 km.
Времето на полнење на батеријата изнесува 4 часа, а рокот на траење е 10 години. И електричниот скутер го задржа својот препознатлив класичен дизајн. на купувачите ќе им биде понуден избор од седум бои, а цената сеуште не е позната.
Piaggio најави дека наскоро ќе биде понуден на пазарот и моделот Elettrica X со поголема автономија во возењето (200 km), благодарение на дополнителниот мал агрегат на бензин кој исклучиво служи како генератор на електрична енергија.