Насловна / Вести / Првата електрана на амонијак во Европа, ќе биде отворена во Ирска

Првата електрана на амонијак во Европа, ќе биде отворена во Ирска

При согорувањето, амонијакот не емитува гасови со ефект на стаклена градина, бидејќи содржи само водород и азот (NH3). Исто така, има поголема густина од водородот и полесно може да се складира и транспортира. проектот за првата електрана на амонијак го развиваат Bord Gáis Energy и Centrica Energy, во сопственост на компаниите Centrica и Mitsubishi Power Europe.

ammonia1

Во веќе постоечката електрана Whitegate, на компанијата Bord Gáis Energy предвидено е развивање на систем за согорување на амонијак. Локацијата е во ирскиот округ Корк, а постројката се ссотои од две гасни турбини. Centrica, со седиште во Виндзор, тврди дека ќе овозможи нивна целосна конверзија за работа на амонијак. Амонијакот ќе се добива од азотот од воздухот и зелен водород, кој се произведува со електролиза на вода, при што се користи електрична енергија од обновливи извори. Овие два гаса заедно реагираат во енергетски интензивен Хабер – Бош процес, и се добива амонијак. Постројката ќе послужи како локација за примена на технологијата за производство на електрична енергија од амонијак и ќе ја покаже нејзината изводливост. Ова би била прва таква електрана во Европа. Првиот проект од овој вид во светот е стартуван во Сингапур во 2022 година. Со оглед дека претходно опишаниот енергетски интензивен процес на добивање на амонијак сериозно може да влијае врз физибилноста, другата опција која се анализира е увоз на амонијак од странство.

ammonia2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top