Насловна / Вести / Прва ветерна централа на Блискиот Исток

Прва ветерна централа на Блискиот Исток

Veterna centrala jordan3
Првата ветерна централа во Јордан и на Блискиот Исток ќе започне со работа до крајот на месецов. Централата има инсталирана моќност од 117 MW. Инвестицијата вреди околу 250 милиони долари, а централата е изградена на југот од земјата. Засега се инсталирани 13 од вкупно предвидените 38 турбини. Се очекува производство од 400 GWh електрична енерија годишно, што е еднакво на 10% од потребите на Јордан.

Veterna centrala vo Jordan1
За разлика од останатите земји во регионот, Јордан е многу сиромашен со енергетски ресурси од фосилно потекло како нафта и гас, и има големи проблеми во обезбедување енергија за стопанството. Затоа земјата речиси во целост се потпира на увоз на енергенти. Инаку, овој проект е прв од неколкуте со кои јорданската влада планира да почне да ја развива својата енергетска независност.

veterna centrala vo Jordan

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top