Компанијата Schneider Electric, стартуваше со сопствен наменски портал, како нов формат за online комуникација за консултантите и проектантите.
Проектите и пресметките во проектирањето стануваат се посложени, па порталот е замислен така што низ алатки, BIM модели и спецификации обезбеди брз пристап до техничките материјали. Осмислен и дизајниран како ресурс кој во пракса лесно и брзо ја дава потребната поддршка. На корисниците им се овозможува пристап до сеопфатна библиотека со документи, водичи за примена, технички прописи и сл. Исто така, со цел да и с епомогне на струката на најдобар можен начин, на порталот с едостапни и содржини низ online видео обуки, но и вебинари. Има и дел со новости и трендови во индустријата, како и дел кој се бави со понуда на софтвер од компанијата Schneider Electric, за полесно проектирање.
Регистрацијата и користењето на платформата се бесплатни, преку интернет страната на компанијата.