Во Хрватска, во градот Солин неодамна е инсталирана првата соларна клупа. Клупата поседува соларни панели со помош на кои можат да се наполнат четири електронски уреди, а може да послужи и за јавното осветлување. Освен тоа, поседува и безжичен интернет и сензори за квалитет на воздухот. Енергетски е независна, а два вградени компјутери ги регулираат сите процеси.
Клупата ја изработил Иван Мрвош кој со овој проект победил на минатогодишниот камп за претприемништво. Процесот за нејзина изработка траел околу четири месеци, а сите материјали ги има обезбедено градот Солин.