Ова е прва изложба на хрватскиот дизајн во САД и се фокусира на веќе етаблирани продукт дизајнери со цел да се иницира соработка меѓу двете земји, како и дистрибуција на хрватските производи на овој голем пазар.
Изложбата во организација на Ikon Arts Foundation претставува артикли од областа на дизајн на мебел, предмети и опрема за дом, и е собрана околу концептот на пренамена и заживување на традиционалните производствени техники, материјали и експериментирањето со процесот на производство. Целта е да се покаже квалитетот на модерниот индустриски дизајн во Хрватска.
Според кураторката на изложбата Мирна Морфис, „избраните предмети одразуваат почитување на локалните материјали, традиционалните техники на изработка и класичниот фолклор, одржувајќи ја едноставноста на формата, јасноста на намерата и квалитетот на функцијата. Употребата на технологијата е минимална и се фокусира главно на малите и локалните производители, потенцирајќи ја снаодливоста и експериментирањето во изведбата на овие производи. Како резултат на овие артикли, добиваме вистински современ одраз на хрватската традиција и наследство“.
Избраните дизајнери на изложбата се „Група“, Numen/For Use, Сања Ротер, Миро Роман & Лука Влаховиќ, Светлана Деспот, Руѓер Новак-Микулиќ и Марија Ружиќ, Лилјана Колунѓиќ, а сите производи се дизајнирани и произведени во Хрватска.
Изложбата се одржа како дел од една поголема платформа New York Design Week , односно како дел од WantedDesign – независен саем за ентериери и индустриски дизајн, кој ги претставува новите имиња на меѓународната дизајнерска сцена од целиот свет.