Насловна / Вести / Прва постројка за рециклирање на соларни панели во Северна Америка

Прва постројка за рециклирање на соларни панели во Северна Америка

Првата генерација на соларни панели се приближува до крајот на својот работен век. Нивното одлагање на депонија не еодржливо. Токму затоа, е покрената компанијата We Recycle Solar, првиот сертифициран погон за рециклирање на соларни панели во Северна Америка. Фабриката е отворена во Аризона. Откако ќе пристигнат во погонот, панелите се разврстуваат по бренд ии модел. Оние кои имаат мали оштетувања се поправаат и потоа можат повторно да се користат. Останатите влегуваат во процесот на рециклирање, при што прво се раздвојуваат стаклото, металот и другите материјали. Меѓу највредните се бакарот, среброто, алуминиумот. Сепарацијата овозможува нивна пренамена. На пример, стаклото се продава во компаниите кои се занимаваат со пескарење. Фабриката дневно обработува 7.500 панели. Според проценката на компанијата, благодарение на нејизната работа, годишно се редуцираат емисии од вкупно 650.000 тони јаглерод диоксид.

Image:

Се проценува дека до 2050 година, на глобално ниво вкупно ќе бидат генерирани 78 милиони тони соларен отпад. Основната причина за слабите капацитети за рециклирање или поправка е цената. Имено, одлагањето на еден соларен панел на депонија чини само еден долар, а поправката или рециклажата 30 долари. We Recycle Solar, планира да изгради уште една фабрика за рециклирање во Северна Америка. Во Европа неодамна започна со работа слична постројка. Стартапот ROSI Solar  ја пушти во погон својата постројка за рециклирање во Гренобл, Франција на 20-ти јули.

њерецѕцле2

Испрати коментар

Scroll To Top