Насловна / Вести / Прва „паметна“ зграда во Бања Лука

Прва „паметна“ зграда во Бања Лука

Pametna zgrada vo Banja LUka
Градоначалникот на Бања Лука на 10 септември ја врачи градежната дозвола за изградба на „паметен“ деловен центар на генералниот менаџер на компанијата „Lanaco“. Притоа, менаџерот на компанијата изјави дека се работи за прва „паметна“ зграда во Бања Лука, која ќе се гради врз основа на проект работен две години според најновите европски стандарди. Деловниот центар за софтвер и хардвер ќе биде изграден според најстрогите правила за енергетски ефикасна градба, а ќе се води грижа и за одржливо производство на енергија за сопствени потреби. Изградбата на овој објект ќе започне најдоцна до крајот на месецот, а планирано е да заврши следната година. Вредноста на проектот е околу 8,6 милиони евра.

 

Испрати коментар

Scroll To Top