Насловна / Архитектура / Прва лебдечка дрвена кула во светот

Прва лебдечка дрвена кула во светот

Откриен е проектот за првата пловечка кула во светот што ќе се наоѓа во Ротердам. Компанијата Waterstudio од Амстердам, веќе е позната по пловечката архитектура, но сепак продолжува да изненадува со иновативни дизајни. Кулата ќе биде направена од CLT и ќе вклучува канцелариски простор, јавен зелен парк и ресторан со тераса.

pluta

Кулата ќе биде висока скоро 40 метри и ќе има вкрстено ламинирана дрвна конструкција, што ќе ја направи изградбата многу полесна во споредба со бетонот. Покрај тоа, работењето со CLT значи дека зградата ќе биде направена со употреба на обновливи извори. Така, Ротердам ќе добие одржливо обележје од последната генерација.

Стаклената фасада со елементи од дрво, ќе обезбеди многу природна светлина. Богата вегетација, вклучително и мали градини со засаден зеленчук, ќе се најде низ целата кула, и внатре и надвор.

pluta1

Проектот е како лист хартија што лебди на вода со кула во средина. Основата на кулата ќе биде на рамна платформа, која ќе биде покриена со вегетација. Фасадата на кулата ќе се карактеризира со серија на столбови во форма на V. Внатре во кулата ќе има простран атриум „преплавен“ со природна светлина.

pluta2

Без оглед на тоа што кулата е деловна, ќе вклучува и области наменети за јавноста. Канцелариите ќе бидат лоцирани на горните катови, додека долните катови и приземјето ќе имаат јавно достапни места, како галерија и кафе бар. Тука ќе има и ресторан со прекрасна тераса која нуди зачудувачки поглед на пристаништето. Бујниот, зелен двор ќе овозможи да се ужива во свеж воздух и ќе биде достапен за вработените и посетителите во текот на целата година.

pluta3

Испрати коментар

Scroll To Top