Јапонското архитектонско биро Atelier Tekuto дизајнира куќа во централниот дел на Токио со користење на 100 посто рециклирачки бетон. Главната идеја на архитектите е да создадат современ дом, каде што бетонската структура ќе биде видлива од внатрешната и надворешната страна.
Целокупната конструкција е завршена за две и пол години, при што било потребно да се изврши детално истражување во врска со материјалот и притоа да се обезбеди комфорен простор во густо изграден предел на градот.
Карактеристиката рециклирачки материјал се постигнува со додавање на вулканска пепел, која во Јапонија ја има во изобилство, наместо класичното додавање песок, а неговата предност е јачината и долготрајноста, додека грануларноста на самиот материјал овозможува добра контрола на влажноста.