Во организација Здружението за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија, а во соработка со министерство за транспорт и врски на РСМ и Јавното претпријатие за државни патишта, на 2. и 3. ноември 2023 година, се организира „ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА, ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“.
На Конференцијата активно учество ќе земат и истакнати претставници на надлежни институции од дејноста, експерти, претставници од научната фела и бизнис секторот. Целта на Конференцијата е да се отвори дискусија за актуелни теми за градежништвото како еден од секторите кои имаат значајно учество во вкупната економска активност во државата. Оваа прва дводневна конференција од ваков вид, е организирана во шест панел дискусии со теми кои ќе дадат насоки и укажувања за преземање конкретни чекори во сегментот од градежниот сектор.
На првиот ден од Конференцијата е предвидено да се даде осврт на општата слика на градежниот сектор преку развивање дискусија за тоа во која насока се движи градежниот сектор како и за улогата на оваа стопанска гранка во економскиот развој на државата. Преку двете панел дискусии намерата е да се отвори дискусија за важноста на секторот во економскиот развој и раст, како и да се упати порака дека во услови на економска криза оваа дејност треба да има јасно дефинирана општа рамка преку која ќе може да придонесе за оптиот економски подем на државата.
Вториот ден од Конференцијата е предвиден за дискуси и дебати по стручни теми од градежништвото со акцент на, новиот предлог Законот за градење и важноста од креирање закон кој ќе стимулира непречено функционирање на бизнисот за оставрување на квалитетни и навремени градби, проектирање согласно европските стандарди за конкурентно и квалитетно градежништво, преку презентирање на досегашните искуства во инвестиции и градби во инфраструктурата идејата е да се претстават слабостите на досегашниот модел на функцонирање, со цел да се стигне до новиот концепт на ефикасно грдаежништво што секако треба да биде дефинирано во контурите на новиот Закон за градење.
Идејата е ваквата форма на дебати дискусии, размена на мислења и ставови да прерасне во традицонална форма на комуникација помеѓу бизнисот и креаторите на деловната политика во државата.