Сеавус и Сеавус едукативниот и развоен центар (SEDC) ја организираат својата прва конференција за нови безжични технологии „Next generation wireless“, која ќе се одржи на 5 декември 2015 г. со почеток од 10 часот во просториите на Сеавус Инкубаторот во Скопје.
На конференцијата ќе бидат претставени најнови сознанија и истражувања на ова поле, опфаќајќи теми од Wi-Fi на 60GHz до ултра брза комуникациска 5G технологија, како и практики од индустријата. Предавачи на конференцијата „Next generation wireless“ се врвни македонски и интернационални експерти кои ќе презентираат на следните теми:
- „Вмрежено општество – 5G и пошироко“ – Игор Тасевски, Директор и раководител на хардверски дизајн во Лунд – Ериксон, Деловна единица за радио;
- „5G: концепти и решенија“ – проф. д-р Лилјана Гавриловска, Раководител на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, УКИМ;
- „Потенцијали, предизвици и врвни решенија кај комуникации на 60GHz” – доцент д-р Никола Рендевски од Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола;
- „Сигурносни аспекти на 5G мрежи“ – проф. д-р Александар Ристески од Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, УКИМ;
- „ Оптималнa имплементација на широкопојасната безжична технологија во сооднос со трендовите за сообраќај во мрежата на Македонски Телеком” – Лазар Динов, Директор за развој на мрежи и сервисниплатформи, и Горан Јорданоски, Раководител за планирање и имплементација на пристапни мрежи во Македонски Телеком АД Скопје.
Влезот на конференцијата е бесплатен, но потребна е резервација на следната веб страна: http://career.seavus.com. Конференцијата ќе се одвива на англиски јазик.