Насловна / Екологија / Прва казна за ветерна електрана поради усмртување на птици

Прва казна за ветерна електрана поради усмртување на птици

Duke
Американската влада за прв пат го примени Законот за заштита на птиците во случај на експлоатација на ветерни електрани, при што во вонсудска спогодба исплатени се 1 милион долари. Компанијата Duke Energy е првата енергетска компанија тужена според тој закон, и во спогодбата признава дека поради нејзините две електрани изградени во сојузната држава Вајоминг, настрадале птиците во тој регион. Прецизно е утврдено дека турбините на овие електрани усмртиле 14 орли и 149 други птици, а сите овие случаи се забележени во периодот од 2009-2013 година.

Извор: Silobreaker

Испрати коментар

Scroll To Top