Насловна / Арт и дизајн / Прва грамофонска плоча направена од хашиш

Прва грамофонска плоча направена од хашиш

Американскиот бенд Slightly Stoopid ја направи првата грамофонска плоча во светот направена од пресуван хашиш, која може да се слуша, но, исто така, и да се пуши.

Секој конзумент на канабисот ќе ви каже, веројатно, дека нема ништо подобро од пушењето џоинт и слушањето омилен бенд, односно музички албум.

Американскиот психоделичен рок, реге, панк-рок бенд Slightly Stoopid одлучи на тој „проблем“ да му излезе во пресрет со револуционерно и „практично“ решение. Поточно, ја претставиле првата грамофонска плоча во светот направена од компримиран хашиш. Сега за сега, тие направиле два прототипи со песната Dabbington, и секоја плоча чини 7.000 долари.

„Во суштина, се работи за комбинација на два ‘олд скул’ производи. Винилот е стара школа од медиум, хашишот исто така, па двата ги споивме во еден“, вели Џон Филипс, менаџер на бендот.хашиш плоча

Сепак, тој истакна дека самиот факт дека имате плоча од хашиш е прилично кул, но самата плоча не траела долго. Веќе по две слушање, звукот полека почнал да слабее. Исто така, како што истакна Филипс, канцелариските конзументи не можеле да одолеат да не ги искористат предностите на плочата, за секундарни цели.

„Сакам да истакнам дека се работи за тест фаза, и немаме намера да ги продаваме плочите. Се работи за еден вид уметничко дело“, изјави Филипс.

Но ако не сте фанови на лесни дроги, нешто слично направил францускиот уметник Breakbot, кој уште во 2012 година лансирал ограничена едиција на плочи направени од чоколадо за неговиот албум By Your Side.

Испрати коментар

Scroll To Top