Насловна / Архитектура / Прва џамија под земја

Прва џамија под земја

539a9d00c07a805cea000808_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138am20140214d8543
Џамијата во приградската истанбулска област Бујукчекмеџе, го освои првото место во конкуренција на World Architecture Fest натпреварот за верски објекти. За разлика од многу други џамии во светот, архитектот Емре Аролат и неговиот тим, понудуваат необично решение за џамија како верски објект, дистанцирани од шематизмот а фокусирани само на суштината на верскиот простор. 539a9d2cc07a803df40007e0_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138am20140214d8729
539a9d5bc07a80569e00083e_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138ao20140214d8444
Високите ѕидови околу паркот на горниот дел од дворот на џамијата, отсликуваат јасна граница меѓу хаотичниот наворешен свет и тивката атмосфера на јавниот парк каде се наоѓа џамијата. Самата локација е изолирана од населбата во пејзаж кој е одвоен со ред крошни а има пристап од автопат. Објектот се вклопува совршено во топографијата на теренот, како да го остава надворешниот свет зад себе, движејќи се низ пејзажот, по ридот па помеѓу ѕидовите до влезот на џамијата.
539a9ce5c07a803df40007dc_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138am20140214d8477p
539a9d10c07a805cea000809_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138am20140214d8546
539a9d16c07a803df40007df_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138am20140214d8678
Таа е изградена седум метри под земја и е првата џамија во светот изградена под површината на земјата, а инспирирана од пештерата Хира каде пророкот Мухамед ја добил Божјата порака. Внатрешноста на џамијата, исценира едноставен пештерски простор кој станува драматичен и со инспиративна стравопочит кај верниците што се молат. Засеците од горната страна на „Кибла“ ѕидот, ја подобруваат фиксираноста на молитвениот простор и дозволуваат светлината мистериозно да продрира во салата за молитва. Џамијата е осветлена со оловни ленти и лантерни, а нејзината површина од 1200 м2 може да прими 650 верници.
539a9d62c07a805cea00080d_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138ao20140214d8458
539a9d79c07a805cea00080e_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_138ao20140214d8569
Проектот постојано си игра со тензијата меѓу природното и артифициелното. Контрастот помеѓу камените скали кои го пратат природниот наклон на пејзажот и тенката армирано-бетонска плоча која опфаќа шестметарски простор дополнително им помага во зацврстување на оваа двојна врска.
539a9dcac07a80569e000840_sancaklar-mosque-emre-arolat-architects_portada

Испрати коментар

Scroll To Top