Во рамките на главниот деловен кварт во Сиднеј, реномираната австралиска архитектонска компанија Tzannes and Associates одговорна за проектирање и изградба на седмоспратната комерцијално – деловна зграда неодамна ја комплетирала целокупната конструкција од дрво.
Главната носечка конструкција се состои од дрвена рамка и ламелирани греди, а спојните елементи се од челик и претходно се изработени во фабриката „Hess Timber“ во Германија и испорачани директно на градилиштето.
Она што ја карактеризира оваа конструкција се композитните носачи направени од три блока залепена ламелирана смрека и внатрешни слоеви од ламелирана дрвена граѓа кои се специјално развиени за овој проект.
Комплексот има вкупна површина од 7.900 m². Катовите кои се наменети за издавање имаат флексибилни планови на просториите со височина од 2,7 метри. Целта на авторот на овој проект е Ниво 5 од стандардот на одржливост „NABERS“ („National Australian Built Environment Rating System“).