Невладината организација REIC, во соработка со фондацијата Heinrich Boll, ја стартуваше првата граѓанска иницијатива односно crowdfunding кампања за обновливи извори во Босна и Херцеговина.
Целта на оваа кампања е вложување на средства за изградба на соларни колектори на покривот на Јавната Установа „Завод за згрижување на ментално инвалидни лица“ во Фојница.
Оваа установа, во текот на една година издвојува над 250.000 конвертибилни марки (околу 125.000 евра), за потрошената електрична енергија. Со изградбата на соларните колектори можно е да се остварат оперативни заштеди и до 60%. Зошто е оваа кампања важна? Затоа што се работи за граѓанска иницијатива каде граѓаните учествуваат во остварување на одржливи начини на користење на енергијата и помагаат во намалување на загдувањето на воздухот. Граѓаните покажуваат дека самите се генератор на промените кои сакаат да ги видат.