Кога станува збор за одржливите или биолошките градежни материјали, сосема ни е јасно дека стеблата од домати и морските треви се навистина послаби од останатите од оваа категорија. Но, тимот кој стои зад проектот на изградбата на биолошка куќа, покажува дека кога ќе се примени иновативен пристап и напредни техники, многу работи стануваат возможни. Биолошката куќа е дело на мултидисциплинарен тим во чиј состав има над 40 партнери, вклучувајќи ја проектантската фирма Een TIl Een од Копенхаген, компанијата за одржлива архитектура GXN, компанијата за обработка на дрво Kebony и Министерството за животна средина на Данска.
Најпрво GXN се здружува со партнерите од данскиот земјоделски сектор со цел собирање на биоматеријали кои инаку се користат за добивање на енергија – трева, слама, стебла од домат и морска трева. Потоа, овие биоматеријали се комбинирани во композитни, со цел максимално зголемување на нивните механички својства, и под притисок се формирани во плочи за обложување. Понатаму, компанијата Kebony го третира вака подготвениот материјал со топлина и течност на природна основа. На овој начин, материјалот е полимеризиран, со што добива особини на тропско тврдо дрво и пријатна и богата кафејава боја, која добива сивкаста патина по изложувањето на надворешните влијанија. Карактеристиките на овие плочи се тестирани од страна на Данскиот технолошки институт. “Biological House“ ги поништува емисиите на јаглерод диоксид кои би се создале при производството на стандардните градежни материјали.
Се монтира на систем со завртки, а не на основа од бетон, кој е особено озлогласен кога станува збор за емисиите на стакленички гасови. Куќата е проектирана за да биде модуларна, што значи дека лесно може да се адаприра на барањата на купувачот. Првиот модел на „Biological House“ ќе биде изграден во Middlefart, во рамките на изложбениот парк за одржлива градба.