Во недела на 24 април, ќе се одржи априлскиот месечен Прв до врв, посветен на Денот на планетата Земја. Планинарите ќе разменат мислење и ќе одберат најсоодветна патека до врвот, а велосипедистите ќе ги тестираат предлозите за off-road патека која ќе биде дел од натпреварувачката рута на 22 мај. Се планира стартот да е од пред ОУ „Кочо Рацин“ во 9 часот. Инаку, настанот нема натпреварувачки карактер. Месечните искачувања на Водно во организација на Прв до врв имаат за цел да ги поттикнат спортот и рекреацијата во природа и да овозможат заедничка подготовка за главниот настан кој ќе се одржи на 22 мај.