По десетгодишно истражување на потенцијалот на ветерот во Херцеговина, оваа година треба да почне изградба на првиот ветропарк во Република Српска. Концесионер е фирмата „Еол први“ со седиште во Невесиње. Најповолна локација за тоа е планината Трусина, југоисточно од Невесиње. Резултатите од истражувањето на потенцијалот на ветерот меѓу другото се дека просечната годишна брзина на ветерот на Трусина е над осум метри во секунда.