Насловна / Екологија / Прв српски електричен автомобил

Прв српски електричен автомобил

leaf-evropa-1728x800_c
Автомото сојузот на Србија го претстави првото целосно електрично возило, кое според најавите е дури 10 пати поекономично од автомобилите кои моментално се возат на улиците на Србија. Батеријата на автомобилот е со доволен капацитет за возачите да поминат 150 километри со возилото пред да има потреба од повторно полнење. Се работи  за модифицирано Fiat Punto од кое креаторите ги извадиле сите делови, за потоа да ги заменат со потребните елементи за електричен погон. Моторот кој е инсталиран е од словенечко производство и е со моќност од 40 киловати, а замената на деловите не ја промени тежината на автомобилот.Засега електричниот автомобил е во исчекување на своите тестирања на Машинскиот факултет во Белград, по што би можел да добие дозвола да биде вклучен во сообраќајот.

Испрати коментар

Scroll To Top