Јапонската компанија Nisan објави дека нејзиниот модел leaf е првиот електручен автомобил во историјата кој е продаден во 400.000 примероци. Тој модел се појави на пазарот пред осум години, поточно во декември 2000, а денес е најпродаваниот електричен модел во светот. До декември 2015, продажбата надминала 200.000, што значи дека во наредните три години продажбата двојно се зголемила. Јапонската компанија има свои производствени капацитети на три континенти – во Јапонија, Велика Британија и САД, а моделот leaf е достапен на над 50 пазари ширум светот.