Авионот на ракетен погон на компанијата Dawn Aerospace, успешно го реализирал својот прв надзвучен лет, се вели во соопштението на компанијата која сериозно напредува со развојот на авиони кои можат да се користат за лансирање на сателити. Имено, авионот Mk-II Aurora за прв пат ја минала звучната бариера на 12-ти ноември, достигнувајќи 1,1 Mach, на височина од 25,1 километар. „Ова е двојно повеќе од комерцијалните авиони и е прв случај на цивилен авион да лета надзвучно, уште од времето на францускиот комерцијален авион Concorde”, се вели во соопштението на компанијата. Пробниот лет е изведен во близина на планината Cook во јужниот дел на Нов Зеланд.
Dawn Aerospace, чие заедничко седиште е во Холандија и во Нов Зеланд, развива летало на ракетен погон кое би можело да се користи за лансирање на сателити. “Ова постигнување го нагласува огромниот потенцијал на авионите на ракетен погон за постигнување на досега невидени перформанси“, рекол Stefan Powell, извршниот директор на Dawn Aerospace. Ова летало е проектирано со цел да стигне до работ на вселената два пати во еден ден со брзина од 3,5 Mach, а го погонува чиста ракетна пропулзија.