Обединетите нации објавија прв нацрт од усогласен текст за климата пред конференцијата во Париз што ќе се одржи во декември.
Документот кој од првичните 90 странички сега има само 20, е важен чекор за понатамошни преговори за климата.
Претставниците на 195 држави би требало на седницата од 19 до 23 октомври во Бон да го разгледаат нацрт текстот. Во него се наведени долгорочни цели за намалување на емисиите на штетни гасови, но и за детали и рокови за кои допрва ќе се разговара.
Конференцијата во Париз за климата има абициозна цел – во овој век порастот на температурата ширум светот да се задржи на помалку од два степена Целзиусови.