Насловна / Архитектура / Прв карбонски неутрален објект во Канада

Прв карбонски неутрален објект во Канада

Колеџот Centennial во Онтарио, кој има традиција повеќе од 100 години, заедно со DIALOG, Smoke Architecture и EllisDon излезе со иновативно решение за нивната нова централна зграда која не само што ќе биде изработена од дрво, туку ќе биде и првата јаглеродно неутрална зграда во Канада.

koledz

“Ние гледаме на одржливоста и инклузивноста како целосно интегрирани идеи и сакавме објект што ја демонстрира таа клучна врска“, рече Крег Стефенсон, претседател и извршен директор на колеџот Centennial.

“Овој проект ќе биде јасна демонстрација за тоа како објектите за високообразовните институции можат да дадат важен придонес во намалувањето на штетата на животната средина со елиминирање на емисиите на CO2“, истакна Крег Еплгахт на ДИАЛОГ.

koledz1

Користејќи структурни елементи направени од дрво наместо челик или бетон, што е во согласност со одржливиот вид на колеџот, проектот ќе биде претставен и како прв објект за високообразовно образование во Торонто направен од дрво, пренесува ArchD Daily.

koledz2

Со површина од 13.500 квадратни метри, како нови така и реновирани простории, објектот ќе има надградени академски простори со флексибилни училници кои го поддржуваат активното учење. Исто така, во објектот ќе има нови лаборатории, како и бројни неформални простори за соработка и дружење.

Во централниот дел на објектот ќе има локални насади за понатамошно зајакнување на идејата за автохтоната заедница, биофилија и одржливост.

Објектот е предвидено да се заврши до 2023 година.

koledz3

koledz4

Испрати коментар

Scroll To Top