Првиот авион на биогориво на компанијата Quantas Airways, по 15 часовен лет, од САД до Австралика, во вторникот слета во Мелбурн. Авионот користел мешовито гориво, кое е 10% произведено од индустрискиот тип на семките горушица (brassica carinata). Типот на авионот бил Boeing Dreamliner 787-9 и сообраќал на редовна патничка линија . Притоа емисиите на јаглерод диоксид се намалени за 7% споредено со вообичениот лет н аистата линија. Покрај тоа, ова биогориво од семки горушица, придонесува за намалување на емисијата на стакленички гасови за 80% во текот на целиот животен циклус. Растението е одржлив извор на гориво за фармерите, а речиси во еден ден по жетвата, маслото се издвојува и може да се користи во тракторите. Имено, секоја втора или трета година, може да се одгледува и користи локално, или пак да се извезува како гориво за авиони. Голем дел од био дизелот кој во моментот се одработува потекнува од отпадно масло, од трговијата со риби и сл. Меѓутоа, не постои континуитет во снабдувањето од таквите извори, што е голем проблем за индустријата за биодизел во Австралија. Еден хектар засеан со brassica carinata може да се искористи за производство на 400 l, гориво за авиони или за 1400 l биодизел, објави The Guardian.