Една сосема обична куќа во предградието на Сиднеј во Aвстралија, стана „домаќин“ на првиот интегриран соларен систем на светот кој во исто време генерира и електрична и топлинска енергија. Всушност, се работи за комбинација од фотоволтаични модули со тенок соларен филм и соларно термален систем. Горниот слој произведува електрична енергија од сончевата енергија како и секој стандарден фотоволтаичен систем, додека топлинската енергија се заробува помеѓу слоевите и се дистрибуира во објектот. Производител на овој систем е австралиската компанија за челик Bluescope. Проектот чинел пет милиони долари, од кои 2,3 милиони се обезбедени од Австралиската агенција за обновливи извори – ARENA.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Прв интегриран фотоволтаичен систем кој произведува електрична и топлинска енергија
Kombinirani sistemi postojat od poodamna.