Професор Анкица Ѓукиќ од Факултетот за машинство и бродоградба при Универзитетот во Загреб (Fakultet strojarstva i brodogradnje – FSB), го претстави првиот хрватски велосипед на водород. Основа за нејзиниот модел е велосипедот со електричен мотор, но во случајов се работи за погон на водород, односно напојување преку 60 горивни ќелии со моќност од 300 W. Велосипедот е нешто потежок од оној со батерија, односно тежи 33 кг.
Целиот систем е изведен во склоп на FSB, проектот вреди 10.000 евра, а цената на самиот велосипед е 2.000 евра. Ѓукиќ планира да направи и мотоцикл според истиот концепт, а крајната нејзина цел е да го направи првиот хрватски автомобил на водороден погон.