Насловна / Вести / Прв голем кинески инфраструктурен проект во ЕУ – пруга Будимпешта – Белград

Прв голем кинески инфраструктурен проект во ЕУ – пруга Будимпешта – Белград

Унгарија и Кина потпишаа договор за заем за финансирање на изградбата на железничката линија помеѓу Будимпешта и Белград, со што повторно се активира проектот кој со години беше во застој.  Делот од оваа брза пруга во Србија, од Белград до Суботица, веќе се гради, а  во моментот се изведуваат работите на потегот до Нови Сад. Проектот е дел од кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“ чија цел е кинеските фирми да дојдат до нови трговски партнери во странство. Станува збор за прв голем инфраструктурен проект во Европската Унија, кој чини нешто помалку од 3 милијарди американски долари. Имено, со овој проект треба да се овозможи кинеските стоки преку Грција да стигнуваат до пазарите на западна Европа, но на тој пат недостасуваат клучни инфраструктурни делници на Балканот. Според некои аналитичари, со овој птег Кина купува политичко влијание. Околу 85% од вредноста на проектот се обезбедени од кинескиот кредит, а остатокот го обезбедува Унгарија. Пругата треба да биде завршена до 2025 година.

Првично, стартот на овој проект е одбележан во 2014 година, со потпишување на меморандум помеѓу Србија, Унгарија и Кина. Во 2018 Србија започна со изградбата на својот дел, откако позајми од Кина 297,6 милиони американски долари.

bg-bud1

bg-bud2

bg-bud3

bg-bud4

Испрати коментар

Scroll To Top