Владата на Република Македонија на вчерашната седница го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево –Охрид Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.
„Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited“, наведуваат во соопштението од владината прес-служба
Изградбата на оваа автопатска делница беше стопирана, бидејќи проектите не се комплетни, не се проектирани сите неопходни елементи на автопатот, проектите не се до крај изработени, но не се ни нарачани комплетни проекти, па така се појавија компликации, превиди, грешка во трасата.