Насловна / Вести / Прскање на улиците на Скопје заради намалување на загадувањето

Прскање на улиците на Скопје заради намалување на загадувањето

zagaduvawe

Од средината на јануари градот Скопје конечно ќе почне со прскање на главните улици и булевари со ацетати со кои се намалува загадувањето и високата концентрација на штетни материи во воздухот.
Пред да стартува прскањето улиците ќе бидат означени дека се прскани, бидејќи материјата предизвикува влага.
„Kомунална хигиена“ веќе го склучи договорот од 9,5 милиони денари за надградба и адаптација на специјални цистерни за прскање со калциум-магнезиум ацетат, средство со кое се намалува присуството на ПМ честичките во воздухот.
Според градоначалникот Kоце Трајановски ќе се адаптираат осум камиони, а две цистерни ќе се надградат со потребната инсталација.
Адаптацијата ќе ја прави друштвото за изработка на специјална опрема „Јани Балкан Макина -Алком“ од Гостивар.
Растворот, според градската власт, се користи во многу европски градови. Се работи за еколошко, нетоксично средство кое ги лепи штетните честички на асфалтот и не им дозволува натамошна циркулација во воздухот. Со миење на улиците, честичките истекуваат во атмосферска канализација. Очекувањата на Трајановски се загадувањето да се намали за 30 отсто со употребата на овој препарат.

Испрати коментар

Scroll To Top