Често пати сме слушнале како денес канцелариските простори немаат доволно или дури воопшто немаат прозорци. Да се работи осум часа дневно во простории под вештачко осветлување не се навистина идеални услови, а да не споменуваме како денес е луксуз да се има канцеларија со прозорци со поглед на било какво зеленило.
Токму на тој проблем работеле дизајнерите кои работат под името Kauppi&Kauppi designstudio, и дизајнирале дрвена рамка GreenFrame, која на еден начин имитира прозорец, а воедно има и места за држење на растенија. Во рекламниот комплет делува како прозорец со поглед на зеленило. Со цел растенијата да преживеат под овие услови, самата рамка има светлина што ги одржува и ги прави здрави.
Во секој случај, во прашање е одличен проект кој би можел да даде дополнителна смисла во канцеларискиот простор, а сето тоа да изгледа убаво и мошне ефикасно.