Насловна / Вести / Прозорец кој функционира како соларен панел

Прозорец кој функционира како соларен панел

Со години технолошки компании од целиот свет работеле на развојот на идејата за прозорец кој истовремено ќе функционира како соларен панел. Како најуспешно решение се покажал дизајнот на холандскиот дизајнер Marjan van Aubel. Тој создаде прозорец кој генерира електрична енергија преку собирање на сончева енергија во моментот кога сончевите зраци удираат во обоен пигмент, а создадената енергија се транспортира до USB портал поставен кај потпрозорската даска.

прозорец-1

Стаклото на прозорецот е изработено од обоени соларни ќелии, односно се користи бојата за создавање на електрична енергија. Оваа електрична енергија служи за напојување на помали апарати, како што е на пример мобилен телефон.

прозорец-2 прозорец-3

Испрати коментар

Scroll To Top