Како одговор на рапидната урбанизација на виетнамските градови, студиото Vo Trong Nghia Architects дизајнирало прототипски куќи, изградени во регионот Хо Ши Мин, Виетнам, каде само 0,25% од градот се покриени со зеленило. Новиот прототип на домување се стреми кон повторно поврзување на жителите со природното опкружување.
Наречен „Куќи за дрвја“, проектот се состои од пет индивидуални бетонски волумени, предвидени да функционираат како плантажи за зеленило. Како резултат на тенкиот слој земја, домовите исто така можат да имаат улога на базени, задржувајќи ја водата и намалувајќи го ризикот од поплави.
Сместена во една од најгусто населените области на виетнамскиот главен град, локацијата е позиционирана во затворен приградски блок, достапен само преку пешачки патеки. Проектот е конципиран како акумулација на индивидуални фрагменти, издвојувајќи се од околната формална организација на куќи во низа. Со цел да се минимизира нивната вредност, како и да се намали емисијата на CO2, при изградбата на комплексот применети се локални и природни материјали. Надворешните ѕидови се изведени од бетон in-situ и конструктивна оплата од бамбус, додека внатрешната завршна обработка е изведена од соголена локална тула.
Исполнувајќи ја неконвенционално обликуваната локација, петте партиции се позиционирани околу централен двор, креирајќи мали и меѓусебно поврзани градини. Големите стаклени влезни врати и прозорски отвори на приземјето овозможуваат секоја единица да располага со изобилство од светлина и вентилација, истовремено задржувајќи ја нивната приватност и сигурност. Заедничките простори како трпезаријата и библиотеката се сместени на пониските катови, додека горните катови ги опслужуваат поприватните програмски единици како спалните соби и бањите. Недефинираната дивизија помеѓу ентериерот и екстериерот, заедничкиот двор и градините засенети од високото зеленило создава корисен простор во приземјето, соединувајќи ги петте индивидуални прототипски единици во единствена целина.