Насловна / Вести / Прототип на нова кошаркарска топка од Wilson, направен со 3D принтер

Прототип на нова кошаркарска топка од Wilson, направен со 3D принтер

Компанијата Wilson произвела прототип на кошаркарска топка на која воопшто не и е потребен воздух. Кога станува збор за спортската опрема, суштината не се менувала, а тоа посебно се однесува на топките за различни спортови, од кошарка, преку фудбал, до одбојка. Wilson, еден од водечките производители на спортска опрема во светот, сепак бара иновации, па го претставил прототипот на кошаркарска топка направен со помош на 3D принтер, кој би можел да го смени начинот на играње на оваа игра. Клучната иновација е во тоа што прототипот на топката не содржи воздух, односно што воздухот минува низ топката благодарение на отворите на површината. Наместо да користи воздух под притисок, топката всушност ја користи сопствената еластичност на смолата од која е направена.

wilson1

wilson2

Ова не е прв пат 3D принтаните материјали да се проучуваат како замена за воздух под притисок. Производителот на гуми Bridgestone, веќе подолго од десет години работи на воздух без воздух, иако со променлив успех. Пневматик без водух кој функционира на сите терени и во сите временски услови, е поголем предизвик од производството на кошаркарска топка која ќе има добри перформанси на различни кошаркарски терени. Dr. Nadine Lippa, менаџер во Wilson на одделот за истражување и развој, добила тешка задача кога се придружила на компанијата, а тоа е да ја реинвентира кошаркарската топка. Таа соработувала со компанијата General Lattice, со цел да се произведе 3D структура на топката, со низа шестоаголни мали отвори, наместо традиционалните кожни панели. Дигиталниот фајл со дизајнот е отстапен на компанијата EOS која го претворила во реален објект. Топката е произведена со помош на адитивен процес, односно 3D печатење. Оваа технологија била единствената со која можело „да се оживее“ овој концепт. Потоа топката е испратена во Wilson NBA постројката за тестирање во Ајдахо, каде кошаркарите ја проценувале функционалноста на прототипот. Засега компанијата е охрабрена од резултатите. Сепак, тешко е да се каже дали прототипот наречен The One воошто ќе стигне до сериско производство.

wilson4

Испрати коментар

Scroll To Top