Насловна / Вести / Против градење на рекреативни објекти на Голи оток

Против градење на рекреативни објекти на Голи оток

goli otok_1

Здружението за Голи оток „Анте Земљар“ упати отворено писмо до политичкиот врв на Хрватска, со кое изразува протест поради тоа што меѓу 100-те недвижнини, за кои хрватската држава бара инвеститори се најде и Голи оток, и бара на местото на југословенскиот логор да се изгради спомен-обележје.
„Судбината на Голи оток не смее да биде решавана на основа на комерцијални критериуми лишени од сознанието дека на тоа место, илјадници затвореници издржувале казни во нехумани услови, изложени на садистички малтретирања, на кои многумина им подлегнаа“, се вели во писмото.
Директорот на Државната канцеларија за управување со државен имот (ДУУДИ) Младен Пејновиќ смета дека поранешниот озлогласен логор за информбировци на Голи Оток чии запуштени згради и помошни објекти се простираат на 4.500 квадратни километри веќе со години пропаѓаат.goli otok_3
„Би сакале да обезбедиме услови на Голи Оток да се направи меморијално-туристички комплекс. Таму постојат делови кои се предвидени за туризам. Меѓутоа, не би требало ние како државно тело да измислуваме и предложуваме како да ги вратиме во функција тие објекти“, вели Пејновиќ.
Тој објаснува дека на Голи Оток како и на другите места на кои се нудат државни недвижности ќе може да се работи само во рамки на градежните планови, и дека недвижнините ќе се продаваат или изнајмуваат.

goli otok_2
Од Здружението истакнуваат дека обврска на државата е Голи оток да стане меморијален центар, а не место за рекреација.
Здружението предлага да се разгледа можноста, спомен подрачјето да се реализира како регионален проект, бидејќи Голи оток бил логор за сите народи и народности во поранешна Југославија.

Испрати коментар

Scroll To Top