Жители на Аеродром за вечерва најавија собир пред Општината во знак на протест против новиот Детален урбанистички план, откако вчера општинскиот Совет во последен момент го стави на расправа на седницата. Овој ДУП веќе еднаш беше повлечен по реакциите на граѓаните, бидејќи зелените површини кај Мајчин дом ќе бидат претворени во висококатници.
Советниците доцна вчера ги изгласаа измените, така што 15 советници гласаа „за“ и 10 гласаа „против“.
Активистите од здружението „Сакаме Аеродром да дише“ ги повикуваат граѓаните да излезат вечерва, во 18 часот, пред општинската зграда и да се спротивстават на како што го нарекуваат „шверцерското носење на измени во ДУП-от“.