Насловна / Вести / Протести на локалните власти и екологистите во Италија против Трансјадранскиот гасовод

Протести на локалните власти и екологистите во Италија против Трансјадранскиот гасовод

Italija maslinjaci vo opasnost od TAP

Италијанската полиција успеа да ги прекине протестите на еколошките активисти кои настојуваат да го спречат преместувањето на старите стебла на маслинки во регионот на Апуља, кои се наоѓаат на трасата на Трансјадранскиот гасовод (Trans adriatic pipeline TAP).

Italija maslinjaci vo opasnost od TAP2

Имено, на 27 март италијанскиот Врховен суд даде зелено светло за продолжување на работите на гасоводот, отфрлајќи ја жалбата на локалните власти на југот на Апуља. Ден подоцна, околу 300 демонстранти се обиделе да ги спречат работниците да преместат околу 30 маслинови стебла на друга локација, со цел обезбедување услови за поставување на цевководите. Полицијата интервенирала и ги растерала демонстрантите, меѓу кои биле и градоначалниците на повеќе места во тој регион.

Italija maslinjaci vo opasnost od TAP3

За градбата на гасоводот, предвидено е преместување на околу 10000 маслинови стебла и работите на тоа се започнати пред една година, но прекинати се поради протестите на локалните власти и еколошките здруженија. Доколку стеблата не се преместат до крајот на април, конзорциумот ТАП ќе мора да чека до ноември за да продолжи со работите.

Italija maslinjaci vo opasnost4

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top