Насловна / Вести / Протест за чист воздух и здрави деца!

Протест за чист воздух и здрави деца!

Утре (28 декември), кај Фонтана, Градски Парк, ќе се одржи протест за чист воздух и здрави деца.

Организатори на протестот се граѓани и еко-активисти, а протестот е граѓански и не е поддржан од ниту една политичка партија.poster

Загадувањето на воздухот е најголемо до сега. Дури и до 20 пати над нормалата. Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје. Локалните и централните власти власти не преземаат ништо. Демонстрираат тотална негрижа за здравјето и животот на населението.

Во Париз, Франција, загадувањето достигна 146 микрограми на метар кубен и веднаш се преземаа мерки. Во Скопје со измерени над 1000 mg/m3 ПМ10 честитки и нема никакви мерки. Тоа е недозволиво!

Граѓани, мерките во Париз се преземени бидејќи ако тоа не се случи, жителите на Париз за кратко време ќе излезат на протест и ќе го побараат тоа од нивните градоначалници и министри. Ние не смееме да молчиме ако ги сакаме своите деца. Ако се сакаме себе си и своите најблиски мора да излеземе на протест и да побараме итни мерки за чист воздух.  Дојдете на протест! Мотивирајте уште 5-мина да се приклучат!

pm-chestichki-infografik

Барањата за овој протест се:
1. Воведување на пар-непар за моторните возила.
2. Забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови.
3. Бесплатен градски превоз цела зима.
4. Итна набавка и бесплатна поделба на маски со потребни стандарди за заштита (со потребни димензии) за целото население (и за деца) на Скопје.
5. Излегување на терен на зголемен број на инспекциски тела за контрола на начинот на греење на граѓаните.
6. Обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се грејат на гуми и други штетни материи.
7. Ненајавени контроли на оџаците на индустриските капацитети кои (се сомневаме дека) загадуваат.
8. Привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети кои (се сомневаме дека) загадуваат.
9. Да се формира кризен штаб во Центарот за управување со кризи кој ќе ја следи состојбата и ќе предлага и презема итни мерки против загаденоста на воздухот.
10. Запирање на сите градежни работи во Скопје.
11. Почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина.
12. Полициски контрола на возила кои носат нечистотија на гумите, особено такви кои излегувата од градилишта.
13. Контрола дали се спроведуваат обврските за чистење на јавните површини околу градилиштата од тие чија обврска е да го прават тоа.

14. Да се набават и бесплатно да се делат велосипеди.
15. Новиот парламент да донесе закон за забрана за уништување на било каква вегетација. Кој ќе исече дрво или уништи парк да добие затворска казна од 10 години.
16. Новиот парламент да се донесе законска регулатива според која доколку загадувањето ја надмине пропишаната нормала веднаш да МОРА да се преземаат мерки.

17. Стопирање на сите непотребни трошења за луксузирања (панорамско тркало, боемски улици, стиропорни фасади….) и пренамена на парите за:

– Заштита на населените

– Лечење на болните поради загадувањето

– Мерки за подобрување на состојбата со загадувањето

– Решавање на жариштата за загадување (линданот во Охис, насобраниот отпад во кругот на велешка топилница и други слични потенцијални еколошки бомби)

РОК ЗА БАРАЊАТА ОД 1 ДО 13 Е 03.01.2017 ГОДИНА.
РОК ЗА БАРАЊЕТ0 14 Е 10 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРОТЕСТОТ.
РОК ЗА БАРАЊАТА 15, 16 И 17 Е 5 ДЕНА ПО КОНСТИТУИРАЊЕТО НА НОВИОТ ПАРЛАМЕНТ.

Програмата на протестот:
– Собирање на граѓаните кај Фонтана, Градски Парк
– Кратки обраќања
– (можно) Испраќање на членовите на „На точак“ да ја почнат нивната тура.
– Марш од фонтата до просториите на г. Скопје каде се бара прием од Градоначалникот за да му се врачат барањата од протестот (на 25.12.2016 ќе биде испратено барање за остварување на средба со Градоначалникот во 17:30 часот)
– Кратки обраќања пред просториите на Г. Скопје.
– Марш од Г. Скопје – Фонтана – (преку Илинденска) – пред Влада на РМ.
– Се бара прием од Премиерот на РМ за да му се врачат барањата (на 25.12.2016 ќе биде испратено барање за остварување на средба со Премиерот во 18:15 часот)
– Кратки обраќања пред Влада на РМ.
– Крај на протестот.

Контакт:  

https://www.facebook.com/events/1836910106524895/

[email protected]

Испрати коментар

Scroll To Top