За денес (20 јули) напладне, жителите на Тетово најавија протест со кој ќе побараат надлежните да ја отстранат дивата депонијата на влезот на градот од која со години се шири неподнослива смрдеа.
„Дојдете заедно со вашите семејства преку протест да изразиме незадоволство од дивата депонија на влезот на градот“, се наведува во повикот за протестот.
Протестот ќе се одржи пред зградата на општината Тетово.